Двајца силеџии дивееле пред ноќен клуб во Битола, завршиле во полициска станица

by fokus

Две лица се приведени синоќа после полноќ откако дивееле пред ноќен клуб во Битола. Во полициска станица завршија 38-годишниот М.Н. од Ресен и 28-годишниот И.С. од Битола.

Во полиција ги пријавил вработен во обезбедувањето на ноќниот клуб. Според полицискиот записник пред ноќниот клуб со возило дошле две непознати лица од кои едното излегло од возилото и почнало да пцуе и вика по обезбедувањето. После тоа се упатил кон влезот на клубот, но пријавителот не му дозволил да влезе внатре. Веднаш потоа, лицето со тупаница го удрил во пределот на главата. Од обезбедувањето лицето било совладано и настанот бил пријавен во полиција. Полициски службеници излегле на местото и ги привеле пријавените.

Поврзани новости