Двајца работници повредени во „ИГМ“ Трејд во Кавадарци

by fokus

Двајца работници биле повредени вчера во кавадаречката фирма „ИГМ“ Трејд, откако извршувале активности за отстранување дефект. 42-годишниот Г.С. и 40-годишниот М.М. биле пренесени во кавадаречката болница, каде биле задржани на лекување.

Од СВР Велес велат дека едниот се здобил со тешки телесни повреди.

– Околу 10.30 часот, двете лица од Кавадарци, при извршување редовни активности за отстранување на дефект во фабриката, биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар. При спуштањето, на висина од околу 1,5 метри, истата се заглавила. Тогаш двајцата паднале и ги добиле повредите – соопштија од полицијата.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од полициска станица од општа надлежност Кавадарци и трудов инспектор.

 

Поврзани новости