473
На 20.08.2024 во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината М.В.(75) од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јвен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
На 20.08.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавнео дека во сопствениот дом на подрачјето на Чаир во Скопје бил пронајден починат И.С.(69) од Скопје, кој имал здравствени проблеми.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.