681
Две лица се приведени откако денеска полицијата по добиена судска наредба изврши претрес во два објекти во скопската населба Синѓелиќ.
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска при претрес во домот на К.И. пронашла пиштол со една рамка и два куршуми.
– При претрес на возило „Голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми, се наведува во соопштението од МВР.
Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.