490
При крајот на денешниот протест пред Собранието против уставните измени дојде до инцидент. Настана туркање меѓу дел од демонстрантите и полицијата, по кое две лица беа приведени.
Од МВР потврдија дека две лица се приведени поради нарушувања на јавниот ред и мир. Неофицијално, тие се обиделе да ја прескокнат оградата и да тргнат кон Собранието.