Двајца повредени во сообраќајна несреќа: Со автомобил се забиле во бетонски ѕид па во паркирано возило

by Fokus

На 18.06.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – с.Горобинци, светиниколско, С.С.(70) од с.Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од С.Г.(61) од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С, додека со телесни поврди се здобил сопатникот С.С.(52) одс.Иванковци, констатирани во болницата во Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Поврзани новости