0
На 30.12.2024 во 20.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.