857
Во изминатите 24 часа починале двајца пациенти, еден од Куманово и еден од Струга, соопшти министерството за здравство.
Исто така направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово еден, во Прилеп еден, во Тетово еден.
Согласно ова, вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.601, бројката на оздравени пациенти е 947, a на починати е 84.