Двајца починати и 815 новозаразени во изминатите 24 часа

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (815), регистрирани се 158 реинфекции. Регистрирани сe 1.252 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Велес (86г и 74г) починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Скопје (88г и 88г), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.

Поврзани новости