Двајца починати и 29 инфицирани со корона вирус во Тиквешко

by fokus

Две лица позитивни на корона вирус, на возраст од 67 и 72 години починаа во Кавадарци денес, информираат од ЦЈЗ.

Од резултатите пристигнати до 13 часот, регистрирани се нови 29 позитивни случаи, од кои 12 во Кавадарци, 13 во Неготино, 2 во Росоман и 2 во Демир Капија.

Во основно училиште во Неготино, поради позитивен ученик 18 ученици и двајца наставници одат во изолација.
Новорегистрираните позитивни лица се на возраст од 18 до 72 години. Се очекуваат уште резултати во тек на ден.

Според вчерашните податоци на МЗ во Тиквешијата имаше 640 активни случаи на вирусот, од кои 404 во Кавадарци и 236 во Неготино. Со денешните, бројот на активни се наближува кон 700.
На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 39 пациенти и има 21 слободно место.

Вики Клинчарова

Поврзани новости