Двајца планинари трчале по автобус откако водичот на „Трансферзалец“ решил да ги остави на Кораб

by fokus

Откако во февруари при искачување на Кајмакчалан загинаа двајца планинари од Македонија а остри критики беа упатени кон планинарското друштво „Трансферзалец“, сега повторно скандал го тресе ова друштво.

Како што пренесува „Макфакс“, двајца планинари, од кои едниот бил повреден, морало да трчаат по автобусот од организираната тура за искачување на Кораб. Имено, водичот на групата решил да се вратат без нив.

„Двајца планинари што недостигаа се симнуваат по патот и трчајќи тропаат на автобусот со цел да запре за да влезат. Организаторите беа спремни да ги остават, ниеден водич не се загрижи, ниту одеше последен. Еден од двајцата го повредил коленото и морале да одат полека. Никогаш пак со „Трансверзалец“, вели Марко Томиќ за „Макфакс“, еден од планинарите што го искачувале Голем Кораб.

 

Поврзани новости