Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба, овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување.
Им посакуваме успешно закрепнување – вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.
Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа. Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата.