476
Двајца пациенти починале на скопската Инфективна клиника, од кој едниот на 50 годишна возраст, додека другиот на 24 години, информираше директорот на клиниката Ѕвонко Миленковиќ.
– Починатите биле во крвно сродство. Донесени се со висока температура и пролив. Инфекцијата ги зафатила црниот дроб, бубрезите и други органи. Лекарите уште не утврдиле од што се пренесува, но велат нема простор за паника. Се пренесува од животни на луѓе, низок степен на опасност од пренесување од човек на човек – истакна Миленковиќ
Од таму тврдат дека уште четворица се хоспитализирани, кои се изолирани и ставени во карантин.