Уште еден наш претставник на Младинските олимписки игри кои моментално се одржуваат во Буенос Аирес нема да настапи на истите. Станува збор за атлетичарот Берат Мустафа, предводен од својот тренер Беџет Точи.
Младиот Мустафа заработил повреда за време на тренингот, односно се здобил со руптура на мускулот на задната ложа и за него МОИ БА 2018 се завршени – информираат од МОК. Покрај него, на МОИ не настапи и Анамарија Георгиевска, бидејќи имала проблем со тежината, односно 500 грама повеќе од дозволеното во категоријата за која била пријавена во таеквондо. Нашата пливачка
претставничка Миа Крстевска исто така го заврши својот настап на Младински Олимписки игри во Буенос Аирес. Иако беше пријавена со резултат 2:21:32 минути, таа трката на 200 метри грбно ја заврши со време 2:27:15 минути, резултат кој е речиси шест секунди послаб од нејзиното најдобро остварување. Пред тоа, на своето прво појавување на МОИ, Миа Крстевска, трката на 100 метри грбно ја заврши со време 1:08:20 минути, резултат кој исто така е далеку од нејзиното најдобро време (1:05:95 минути).
Македонскиот борач Драган Велинов, категорија -110 килограми, загуби од Сергеј Козирев од Русија. Пред тоа, тој загуби од младиот мексикански борач Орозко Кортес. И покрај двата пораза, како трето пласиран во групата, Драган Велинов ќе се бори за петтото место на МОИ Буенос Аирес. Засега, единствениот кој може да се пофали со добри резултати е нашиот млад џудист Хамза Јашари. Тој го освои 9-то место на Младинските Олимписки Игри Буенос Аирес 2018. Во првото коло тој се сретна со шпанецот Хавиер Пења Инсаусти и загуби со ипон (вазари). Шпанецот сепак, го,,повлече“ Хамза во репасаж и во следната борба тој го совлада Георгиос Баларјишвили (Кипар) со вазари (1-0). Во втората борба, Хамза Јашари загуби минимално со вазари од финецот, Турпал Џукаев.
Јашари потоа со одлука на Меѓународната Џудо Федерација, настапи за екипата на ,,МОСКВА“ заедно со џудистите од Молдавија, Монголија, Габон, Унгарија, Белгија и Панама. Тој најнапред со ипон го совлада Ахад Ал-Сахер (Јемен), а во втората борба, исто така со ипон го совлада бразилецот Жоао Сантос. Сепак, поради повреда на Сомбор Вег (Унгарија-момчиња 100 кгр) и поради недостаток на една џудистка во екипата, мешаната екипа на Хамза Јашари мораше да се задоволи со пласманотг меѓу 8-те нјдобри на МОИ Буенос Аирес.
Од МОК истакнуваат дека веруваат како Хамза, во блиска иднина, со сигурност ќе биде еден од најдобрите македонски врвни спортисти во поединечните спортови.
Вики Клинчарова