Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор

by fokus

Кривичниот суд ги прифатил гаранциите и им го укинал притворот на шефот на обезбедувањето на Велјановски, Горан Ѓошевски и екс-началникот во МВР Оливер Поповски обвинети за 27 април, односно за крвавиот четврток.

Од Шутка ќе излезат доколку овие одлуки бидат потврдени, односно откако ќе станат правосилни, и во катастарот ќе биде впишана гаранцијата која е во имот, објаснуваат од кривичен.

Заради обезбедување на присуство на двајцата обвинети им се определуваат и мерки за претпазливост.

Поврзани новости