686
Двајца жители од Дебар се новите заразени од корона вирусот, објави министерот за здравство Венко Филипче.
Станува збор за соседи на тројцата жители од Дебар кои пред неколку дена беа хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје. Тие имале чести контакти со заразените.
Со новите случаи на заболени вкупната бројка се искачи на девет, но една од пациентките е веќе излекувана.