Двајца навивачи загинаа во Франција славејќи за Мундијалот

by fokus

Двајца навивачи на Франција загинаа вчера вечер додека го славеле освојувањето на светската титула против Хрватска.

Во градот Анеси, навивач одлучи да ја прослави титулата со скокање во канал, но за жал, неговиот обид за нуркање заврши фатално. Тој го скршил вратот и починал на самото место.

Во исто време, во Сен-Феликс, друг француски навивач удрил со својот автомобил во дрво и го загубил животот.

Повеќе од 1 милион луѓе ја прославија титулата во Париз, па дури и избија немири, со кои полицијата мораше да се справува преку употреба на солзавец.

Поврзани новости