Двајца насилници натепале скопјанец и му го одзеле автомобилот

by fokus

 Полицијта информира дека утрово околу 2 часот во Скопје, на булеварот „Гоце Делчев“ две непознати машки лица со патничко моторно возило „Ровер“ со непознати  регистарски ознаки му го попречиле патот на скопјанецот со иницијали Б.Д.

Напаѓачите го извлекле од возилото скопјанецот,  физички го нападнале и му го одзеле неговото моторно возило „Даеву Рејсер“ со скопски регистарки ознаки, па побегнале во непознат правец. И покрај потрагата на полицијата насилниците се уште не се пронајдени.

Поврзани новости