Двајца мотоциклисти загинаа вчера во одделени сообраќани несреќи. Едниот е гостиварец на возраст од 21 година со иницијали З.З., додеа другиот е скопјанец на 30-годишна возраст.
Првата сообаќајна несреќа се случила вчера попладнето околу 14.45 часот на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток кога се судриле патничко возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.З.(62) од Гостивар и мотоцикл „кавасаки“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од З.З.
МВР денеска соопшти дека од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Втората сообраќајна несреќа се случила неполни дваа саати подоцна.
„Во 16.00 часот на автопатот Градско – Велес, во близина на место викано „Усек“, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе „мерцедес спринтер“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(74) од ресенското село Претор (со привремен престој во Швајцарија) и мотоцикл „БМВ“, управуван од А.Д.(30) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на мотоциклот. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес“, соопштија од полицијата.