548
Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор, чие семејство вчера попладне даде согласност, објави Министерство за здравство.
„Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за Ортопедија“, дополнуваат од Министерството.
Оттаму се заблагодаруваат до семејството на пациентката, особено до нивната млада храбра ќерка чија храброст донесе живот за најмалку двајца пациенти и пренесуваат сочуство за нивната загуба.