Две лица починале, а повеќемина меѓу кои и еден полицаец се здобиле со тешки повреди откако вчера пред полноќ џип Ауди Ку7 во кој се превезувале 12 мигранти од Сирија удрил во товарно возило сопственост на полицијата.
Како што соопшти МВР, во несреќата еден од мигрантите починал на лице место, а вториот им подлегнал на повредите во болница.
„На местото на незгодата починал еден од мигрантите, а еден им подлегнал на повредите во Медицинскиот центар Штип. Останатите лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека еден полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица“, се наведува во соопштението од МВР.
Несреќата се случила на патот Струмица Штип кај клучката за Радовиш.