608
Денеска се извлечени две тела од водите во Србија, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВП) за порталот Нова.рс.
Машко тело е извлечено од Дунав, кај Тител.
Второто тело е на маж пронајден кај езерото Очага кај Лазаревац, рекоа од МУП.
Сезоната на пливање е во полн ек, а граѓаните ја користат секоја можност да се разладат. Иако изборот е голем, често се случува граѓаните да избираат диви плажи или реки за капење.
И покрај Ада Циганлија и големиот број базени, каде водата е помирна и каде има спасители, граѓаните често ги избираат Сава и Дунав за да се разладат во топлите летни денови.