Против три лица од Куманово е покрената кривична пријава за разбојништво, затоа што учествувале во грабежот на маркет „Елида“ во Куманово, сторен во неделата. Двајца од нив се на возраст од 18 години, а еден на возраст од 24 години.
Според полицијата, во неделата во 18.30 часот во маркетот на улица „Страшко Симонов“, 24-годишниот Љ.П. вперил пиштол во вработената и го побарал дневниот промет. Откако одзел 19.500 денари, Љ.П. истрчал надвор, а двајцата осумнаесетгодишници, М.А. и Д.Е. го чекале со „БМВ“ пред маркетот.
Откако го извршил разбојништвото, сите заедно побегнале од местото. Настанот во Полициската станица Куманово, го пријавила С.Н. (38) од Куманово – одговорно лице во маркетот.
По овластување од Јавен обвинител, бил извршен увид и била започната потрага по сторителот и неговите помагачи. По преземените мерки, истиот ден во просториите на СВР Куманово биле приведени Љ.П., М.А. и Д.Е..
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им e одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.