Двајца малолетници во САД уапсени за убиство на тројца тинејџери

by Fokus

Двајца малолетници се уапсени, а по трет се трага откако полицијата во централна Флорида пронашла тела на тројца тинејџери, изјави шерифот на округот Мерион, Били Вудс.
Полицијата првпат ја пронашла 16-годишната Лејла Силвернеил на страната на патот во областа Форест Лејкс Парк на 30 март. Таа подоцна починала во болница од тешките повреди, соопшти канцеларијата на шерифот.

Следното утро, нешто пред 8 часот, полицијата добила дојава за тело на страна од патот и го пронашла убиениот 17-годишник.

Телото на третата жртва беше откриено во саботата, рече Вудс, но не ги наведе имињата на втората и третата жртва.

Инспекторите веруваат дека жртвите се познавале и сите биле во Шеви Крузер што припаѓа на Силвернеил.

Автомобилот бил пронајден делумно потопен во езерото со една од жртвите внатре, изјави Вудс за Си-Ен-Ен.

На случајот работат 15 детективи. Шерифот одбил да каже дали сите пријатели биле застрелани во исто време.

Поврзани новости