317
Во Скопје вчера на булеварот „Видое Смилевски Бато“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници кои биле затекнати при извршување кражба во продажен објект, при што одзеле повеќе производи.
Според МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.