Министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес конференција ги повтори бројките за пет новозаболени од корона вирус денеска, од кои четворица се здравствени работници од Дебар. Филипче рече дека ако се одвиваат работите вака како до сега, мерките ќе бидат продолжени.
-Во повеќе мои обраќања изминативе деновиве зборував за здравствени работници. Денеска имаме дијагноситцирани 5 нови случаи, од кои четворица се здравствени работници од Дебар. Дел се само носители, позитивни, веројатно дека ќе ја развијат болеста.
Од утре во болницата во Дебар, зашто овие лекари давале значаен придонес, ќе бидат вклучени двајца лекари од Клиниката во Скопје, за да ја надополнат потребата. Целосно сме свесни дека здравствените работници се најекспонирани, но ние мораме да правиме се да ги заштитиме.
Нема да има оправдување за ниту еден кои нема да се придрижува до мерките на Владата. Од тоа зависи јавното здравје. Од тоа зависи и здравјето на здравствени работници. Упатувам порака до здравствените работници дека трудот, напорот што го вложуваат е непроценлив. Порака до граѓаните: останете дома и најстрого придружувајте се до мерките, порача Филипче.