Двајца лекари и две медицински сестри од општата болница во Куманово се позитивни на корона вирусот, потврди за „Фокус“, директорката на болницата доктор Снежана Захариева.
„Лекарите и медицинските сестри се добри, без покачена температура и други симптоми. Тие во моментот се во домашна изолација, но ако пројават симптоми ќе се хоспитализираат – истакна доктор Захариева.
Таа додава дека лекарите и медицинскиот персонал се заразиле од пациентите, кои биле позитивни на корона вирусот. Досега се ресгистрирани седум заразени пациенти.
„Користеа комплет заштитна опрема, но друг контакт освен со пациентите немаа. Впрочем и во Кина и во Италија имаше заразен персонал, иако носеа заштитна опрема – истакна Захариева.
Пред два дена почина 57-годишна пациентка од Куманово, која претходно имал два негативни тестови.
Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се донесени нови мерки за Куманово, односно се прекинува меѓуградскиот и градскиот сообраќај.
И.М.