309
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во близина на браната Паљурци се фатени двајца криумчари, кои превезувале шест мигранти.
-Вчера во близина на браната Паљурци, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода А.Н.(22) и Р.А.(28), двајцата од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти МВР.
Според информациите од полицијата во 13.55 часот на патот Дојран – Богданци, кај браната Паљурци, полициски службеници забележале како во патнички возила опел и ауди со скопски регистарски ознаки влегуваат мигранти и тргнале по нив.
-Набргу, возилата застанале и возачите го напуштиле местото, а во близина на возилата биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности, биле пронајдени А.Н. и Р.А. и биле лишени од слобода. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. .