526
Вчера попладне, двајца жители на Косово биле приведени поради тоа што незаконски ја преминале границата со Македонија.
„На 17.11.2019 во 19.15 часот во атар на с.Јажинце, тетовско, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Рогачево ги лишиле од слобода С.М.(28) и С.В.(21), двајцата од Р.Косово, кои незаконски ја преминале државната граница помеѓу Р.Косово и Р.С.Македонија. Тие биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка“, велат од МВР.