232
Одбранбените сили на Израел соопштија дека уште двајца нивни војници загинале во борбите во Газа. Со ова вкупниот број на загинати во операциите во појасот достигна 44.
ИДФ ги именуваше војниците како членови на бригатада командоси, мајор Исахар Натан (28) и наредникот Итај Шохам (21).
Израелската војска утрово објави дека ги продолжува копнените операции во северниот дел на Газа, со серија операции на периферијата на бегалскиот камп Ал Шати, кои доведоа до запленување на оружјето за кое тврдеше дека му припаѓа на Хамас.