345
Надворешната канцеларија за криминалиситчки работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.С.(32) и Р.М.(41) од селото Туин за „фалсификување пари“ и „измама“.
„На 22.10.2017 година, на улица „ЈНА“ во Гостивар, пријавените со товарно моторно возило “фолксфаген кеди-пикап“ дошле на бензинска пумпа каде Н.С. за наточено гориво, платил со банкнота во апоен од 100 евра, додека Р.М. побарал од вработениот да му размени банкнота од 100 евра за денари, доведувајќи го во заблуда вработениот дека се двете банкноти се вистинити“, информираа од МВР.