Двајца Хрвати и Меси во тимот на годината на „Л’Екип“

by fokus

Реномираниот француски весник „Л’Екип“ го избра фудбалскиот тим на годината во кој се најдоа двајца Хрвати, а Лионел Меси е единствен од редовите на светскиот првак Аргентина.

Најдобар голман е Белгиецот Тибо Куртоа, кој со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампиони и шпанската титула.

Одбраната ја сочинуваат Кајл Вокер (Манчестер сити, Англија), Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија), Јошко Гвардиол (Лајпциг, Хрватска), и Тео Ернандез (Милан, Франција).

Во средниот ред се Касемиро (Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Бразил), Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска), Лионел Меси (ПСЖ, Аргентина), и Кевин де Брујне (Манчестер сити, Белгија).

Најдобри напаѓачи за 2022 година во избор на францускиот весник се Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција) и освојувачот на Златната топка, Карим Бензема (Реал Мадрид, Франција).

Поврзани новости