Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека двајца грчки војници загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на линијата за демаркација со проруските сили.
Министерството наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Хранитнеу во близина на линијата за демаркација, пренесе Ројтерс.
Се наведува и дека инцидентот избувнал откако грчките и украинските војници се скарале од „безначајни причини“. Во соопштението не е наведено што прават Грците во областа, но претставник на грчкото министерство изјави дека инцидентот нема никаква врска со актуелниот конфликт во регионот.
Украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.