Двајца граѓани спроведени во државен карантин оти не седеле во самоизолација

by Frosina Fakova

Жител на Кочани на возраст од 54 години и уште еден дваесет и двегодишен штипјанец вчера биле спроведени во објекти за државен карантин бидејќи не ги почитувале мерките, односно не седеле во домашна изолација во траење од 14 дена.

-Вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на корона вирус (здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена) извршен е спровод на С.А.(54) од Кочани и О.У.(22) од Штип до Скопје во објект за државен карантин, соопштуваат од МВР.

Исто така во билтенот на МВР е регистрирано дека едно лице кое требало да биде пренесено во државен карантин го скршило телевизорот од автобусот со којшто биле превезувани лица во објект на државен карантин на релација Скопје-Охрид.

Поврзани новости