Двајца француски „доброволци“ беа убиени, а неколку луѓе беа полесно повредени во четвртокот за време на руски напад во Берислав, во близина на Херсон во јужна Украина, соопштија локалните власти.
Странски доброволци беа убиени во рускиот напад врз Берислав, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин.
„Руската армија уби двајца француски државјани. Уште тројца странци се полесно повредени, како и еден Украинец“, рече Прокудин, кој не ги прецизираше точните функции на волонтерите.
Во Украина, терминот „волонтери“ често се користи за работници на хуманитарни организации.
Украинската полиција соопшти и дека во нападот со дрон загинале двајца мажи од француска националност, а повредени се тројца мажи и една жена.
Полицијата најави отворање истрага за прекршување на законите и обичаите на војната.
Берислав, кој пред војната имал околу 12.000 жители, се наоѓа на северниот брег на реката Днепар, блиску до линијата на фронтот.