Двајца битолчани вчера за време на полицискиот час ги фатила полицијата како се шетаат пешки низ градот. Основното јавно обвинителство – Битола побара парична казна во износ од 100 дневни, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно по 2.000 евра.
– Основното јавно обвинителство – Битола побара парична казна во износ од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра, односно по 2.000 евра во денарска противвредност, за две лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
Со тоа, велат од ЈО, тие не ги почитувале прописите кои се донесени со цел сузбивање и спречување на ширење на опасната болест предизвикана од Ковид-19, а за што битолското Обвинителство го поднесе Предлогот за издавање на казнен налог.