Дваесетгодишник со сатар и ножеви сакал да влезе во Кривичен суд

by Fokus

Млад скопјанец вчера утрото се обидел да влезе во Основниот кривичен суд Скопје со сатар и ножеви.

„Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножа и еден сатар.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости