Дваесетгодишник од Скопје кој живеел во Швајцарија, синоќа на автопатот Скопје – Куманово усмртил пешак, го оставил возилото и избегал.
Несреќата била пријавена вчера во 20.43 часот во СВР Скопје.
-На автопатот Скопје-Куманово, на излез од Скопје, Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака, удрил пешакот Г.С.(54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.
Еден час по пријавата, возачот сам се јавил во Општата болница во Куманово, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.