598
Дваесетгодишен возач од скопското село Сингелиќ вчера попладне со автомобил „Ауди А4“ удрил во пешак-малолетник.
Несреќата се случила околу 14 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје.
По незгодата, пешакот бил пренесен во Здравствена установа „Систина“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.