350
Дваесет лица меѓу кои и едно 15-годишно девојче загинаа во рускиот ракетен напад врз украинскиот град Дњепропетровск, соопштија денеска официјални украински претставници.
Во нападот се повредени 73 лица, а 40 се во болница, од кои четворица на интензивна нега, напиша на Телеграм градоначалникот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко.
Резниченко истакна дека во нападот биле уништени 72 стана, а оштетени се повеќе од 230. Спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани во урнатините, јавија светските агенции.