745
Околу 30.000 граѓани ја пополниле апликацијата на веб-страницата „Vakcinacija.mk“ за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19, информираше на ТВ 21 министерот за здравство Венко Филипче. Притоа, тој посочи дека 20 отсто од дијагностицираните случаи во изминатите денови имаат британска мутација на вирусот.
– Шеесет до седумдесет отсто вакцинирано население може да ја смени сликата на пандемијата. Секаде во светот, во навистина многу малку земји со исклучоци, вакцините не пристигнуваат ниту со посакуваната, ниту со потребната брзина. Сепак станува збор за еден нов продукт, за почеток на производство. Буквално сите земји се соочуваат со истиот проблем и со истиот предизвик – потенцира Филипче.