По истрага што траеше 4,5 години, 20 луѓе ќе бидат изведени пред суд поради нападите во Париз во 2015 година. Во нив загинаа 130 луѓе и стотици беа ранети, јави дописникот на МИА.
Меѓу лицата упатени до специјалниот суд, 11 во моментот се наоѓаат во притвор (меѓу кои и Салах Абдеслам, единствениот член кој сè уште е жив од терористите од 13 ноември, 3 се под судска контрола и 6 се предмет на налог за апсење (вклучително и браќата Клен, за кои се претпоставува дека се мртви).
Судскиот процес за овие смртоносни напади, во кои загинаа 130 луѓе, треба да започне во јануари 2021 година и ќе трае шест месеци. Рочиштето се најавува како вонредно, бидејќи 1.765 физички и правни лица се придружија на тужбата, а се очекува да бидат присутни стотици адвокати и новинари.