Дваесет и три години од нападот кај Карпалак

by Fokus

По повод одбележувањето на 23-годишнината од загинувањето на десетте резервисти од Прилеп кај месноста Карпалак, денеска (8 август) делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието ќе положат цвеќе на спомен-плочата на бранителите на местото каде што загинаа и пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп.

На 8 август 2001 година армискиот конвој на патот Скопје-Тетово, кај месноста Карпалак беше пресретнат во заседа кога загинаа десетте прилепчани: Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Пред спомен обележјето вчера се поклонија претставници на Армијата, на семејствата на загинатите, од здруженијата на учесниците во воениот конфликт, од прилепската локална самоуправа, од подрачната единица на Министерството за одбрана во Прилеп и граѓани.

Подоцна вечерта во манастирот „Света Петка “ во прилепското село Лениште се одржа и богослужба во спомен на загинатите.

Поврзани новости