Дваесет и двегодишник удрил пешак

by Fokus

Дваесет и двегодишник удрил пешак, информираа од МВР.

Според инфорамциите од полицискиот билтен, вчера во 14,00 часот во Куманово на бул.„Октомвриска Револуција“ во близина на крстосницата со ул.„Пионерска“, се случила сообраќајна незгода во која Б.К. (22) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Кеди“ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешакот Г.П. (62) од Куманово.

Во незгодата, пешакот Г.П. се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Ургентен центар-Куманово е префрлена во Ургентен центар Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

Поврзани новости