Два земјотреси регистрирани кај Маврово

by Fokus

Два послаби земјотреси се регистрирани рано утрово во западниот дел на Македонија, со епицентар во Маврово. Првиот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се случил во 3 часот по полноќ со магнитуда од 3 степени според Рихтер на длабочина од 2 километри, 15 километри југозападно од Гостивар, со епицентар во Маврово.

Вториот послаб земјотрес е регистриран 6,15 часот со магнитуда од 2,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар исто така во Маврово на длабочина од 10 километри.

Поврзани новости