Поради најавени два протести во Скопје, денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул. „Гоце Делчев”, на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“, и бул.„Илинден”, на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”.
Почнувајќи од 13:30 часот, пак, од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Климент Охридски”.
Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Инаку, по повод 30 години од македонската независност, денес ќе се одржи централна прослава на отворено пред Собранието со почеток во 17:30 часот, по што следува дефиле.