Два промили алкохол имал анестезиологот во Гевгелија

by Фокус

Над два промили алкохол биле откриени во крвта кај еден од анестезиолозите кој бил дежурен ноќта во гевгелиската болница кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, пренесува Сител од извори во истрагата.

Тоа значи дека лекарот бил многу пијан кога влегол во операциона сала, коментираат токсиколози. Нејасно е како му било дозволено да се појави на работното место во ваква состојба. Засега се уште нема официјални информации од истражниот обвинител. Велат дека ги прибираат сите потребни документи а денеска на распит бил и директорот на болницата. Ги чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат дали има лекарска грешка. Денеска реагираше и Лекарската Комора која бара со трагичниот настан и евентуалниот пропуст на поединци да не се фрла дамка врз целокупниот здравствен систем и да не се политизира со него. По настанот директорот ги суспендираше двајцата медицински работници од работа за кои сомнение дека ги прекршиле протоколите за работа.

Поврзани новости