Над два промили алкохол биле откриени во крвта кај еден од анестезиолозите кој бил дежурен ноќта во гевгелиската болница кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, пренесува Сител од извори во истрагата.
Тоа значи дека лекарот бил многу пијан кога влегол во операциона сала, коментираат токсиколози. Нејасно е како му било дозволено да се појави на работното место во ваква состојба. Засега се уште нема официјални информации од истражниот обвинител. Велат дека ги прибираат сите потребни документи а денеска на распит бил и директорот на болницата. Ги чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат дали има лекарска грешка. Денеска реагираше и Лекарската Комора која бара со трагичниот настан и евентуалниот пропуст на поединци да не се фрла дамка врз целокупниот здравствен систем и да не се политизира со него. По настанот директорот ги суспендираше двајцата медицински работници од работа за кои сомнение дека ги прекршиле протоколите за работа.