Легендарниот хрватски музичар Мишо Ковач и се враќа на својата публика на 5-ти јуни, кога по пауза од повеќе години ќе одржи концерт во Сплит.
Тоа што со години наназад не е активен на музичката сцена и нема снимено нови материјали, воопшто не е проблем за продажбата на влезниците на неговиот концерт, кој со нетрпение го очекуваат генерации на негови обожаватели, кои ги стекнал во речиси пет децениската кариера.
Но, освен по впечатливата кариера на музичар чии албуми беа едни од најпродаваните во поранешна Југославија, Ковач зад себе има и бурен приватен живот.
Два пати и избегна на смртта, прв пат кога во 1971 година доживеа тешка сообраќајна несреќа во близина на Задар, кога од смачканиот автомобил го извлекуваа пожарникари.
Поради повредите на лицето, за да ги скрие лузните, тој пушти мустаќи, кои и до ден денешен се негов заштитен знак.
Вториот пат, кога неговиот живот висеше на конец, беше во 1999 година, кога во својот стан во Загреб си пукаше во гради со пиштол.
Куршумот му поминал покрај срцето, па што музичарот во страшни болки успеал да дојде до телефонот и да му се јави на својот менаџер Денис Кадиќ.
Со депресијата започнал да се бори кога во 1992 година под неразјаснети околности загина неговиот 17-годишен син Еди. Еди и ќерката Ивана беа круна на љубовта помеѓу Мишо и поранешната мисица Анита Барутина, во која се вљубил додека уште бил во брак, а таа имала само 17 години.
И покрај противењето на нејзините родители се венчале кога таа наполнила 20 години, на по смртта на синот и по борбата на ќерката Ивана со зависноста од наркотици, нивната љубов згаснала.
Мишо ја напушти Анита поради Силвија Марковиќ, која се занимаваше со астрологија и со неа се пресели во Шпанија.
Во тој период Анита раскажа за хрватските медиуми дека тој дошол дома и без да и каже збор започнал да се пакува. Не знаела што се случува, ниту пак дека тој се вљубил во друга жена и планирал да замине со неа. На заминување, пред врата и кажал дека ја остава поради друга.
Заедничкиот живот со Силвија во Шпанија им траеше до 1998 година, кога тој повторно се врати во Хрватска.
Сега е во брак со третата сопруга, Лидија, која ја запознал за време на настап, а се венчаа во 2002 година.
И покрај големата разлика во годините, Ковач во повеќе наврати изјави дека Лидија многу добро се грижи за него и дека имаат убав заеднички живот.
Последен пат Мишо имаше концерт во Скопје во 2018 година, во ВИП Арена Борис Трајковски, кога дојде по 20 години пауза.
Вики Клинчарова