На граничниот премин Богородица се пријавени два нови случаи на украдени регистарски ознаки од возила на македонски туристи.
Првиот случај е пријавен од велешанец кој возел „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки. Тој пријавил дека завчера во туристичкото место Катерини му ги украле двете регистарски таблички од автомобилот. Вториот случај го пријавил жител од општина Чешиново-Облешево, кој управувал патничко моторно возило марка „пежо“. Нему ден порано во туристичкото место Лефкада исто така му ги украле двете регистарски таблици.
Од МВР велат дека двата случаи се пријавени на грчката полиција и за истото е изготвен записник. Со овие два нови случаи на кражби на регистарски таблици, бројката за оваагодина достигна вкупно девет, а досега регистрирани се и три оштетувања на возила и регистарски ознаки.